Легендарниот Холифилд се врати во ринг, но не издржа ниту една рунда! 🎥

Пензионираниот американски боксер Ивандер Холифилд чии најважни натпревари во кариерата беа одржани многу одамна, сега имаше борба за кам-бек, но не се прослави.

Борбата беше прекината бидејќи Бразилецот Витор Белфорд го истепа уште во првата рунда и го испрати Холифилд на подот од рингот.

Холифилд стана по неколку секунди, но делуваше дека не може повеќе да се бори, по што доби уште неколку незгодни удари, а судијата веднаш го прекина мечот.

Борбата траеше една минута и 49 секунди од предвидените осум рунди по две минути.