Легендарниот италијански стратег прави камбек на Сицилија: Третпат ќе го предводи Палермо…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот италијански тренер, Делио Роси третпат во кариера ќе ги предводи фудбалерите на Палермо, објави член од Серија Б.

Роси се враќа на сицилија по осум години, откако во 2011. двапати доби отказ од контроверзниот тогашен претседател Маурисио Зампарини.

Интересно е што таа година прво е сменет во февруари, а по четири недели се врати, но повторно замина во јуни.

Во текот на кариерата ги предводеше Левски Софија, Болоња, Пескара, Џенова, Лече, Аталанта, Сампдорија и Фиорентина, каде исто така доби отказ по физичкиот судир со срспкиот репрезентативец, Адем Лјајич.

Сега договори договор до крајот на сезоната со цел фудбалерите на Палермо да избори пласман во Серија А во ситуација кога четири кола пред крајот имаат заостанок од три бода зад второпласираниот Лече.