Легендарниот Јаја Туре потпиша за нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јаја Туре е денес преставен како нов играч на кинескиот Кингдао Хуангаи.

Иако легендарниот играч на Сити во мај оваа година објави дека ќе ја заврши својата кариера, сепак се предомисли.

Туре помина осум години во Сити, со кои освои многу трофеи, вклучувајќи три титули првак во Премиер лигата.

ПРетходно помина три години во Барселона со кои освои две титули во Ла Лига, Суперкупот во Шпанија, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Откако му истече договорот со Сити во јули 2018. годин, тој одлучи да потпише со Олимпијакос за кој веќе играше во сезоната 2005/06, но само после три месеци го раскина договорот со грчкиот клуб.