Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендарниот холандски напаѓач кој се прослави носејќи го дресот на Баерн Минхен, Рој Макај изјави дека е воодушевен од Роберт Левандовски.
Макај имаше само пофални зборови за полскиот фудбалер кој во 276 натпревари во Баерн Минхен постигна 231 погодок на „Алијанц Арената“, а во клубот пристигна како слободен играч од Борусија Дортмунд.
„Комплетен е, еден од најдобрите напаѓачи на светот. Секоја година постигнува над 30 голови и работи напорно за остатокот од тимот. Може да верувате дека стигна бесплатно во Баерн?
Нема што многу да се каже за него, само погледнете ги неговите бројки и статистиката. Тоа што го прави е фантастично“ –изјави Макај за „Кикер“.