Легендарниот Раул Гонзалес го освои својот прв трофеј како тренер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалес го освои својот прв трофеј како главен тренер на екипата на Реал до 19 години.

41-годишникот набрзо им честиташе на својот тим на социјалните мрежи после натпреварот.

„Овие момци имаа одлична сезона. Голема чест е што сум дел од овој тим“, напиша Раул.

Тој исто така го пофали поранешниот тренер Алваро Бенито, кој поголем дел од сезоната беше на чело, пред да добие отказ после многубројни критики.

„Ова е и за тебе пријателе“, додаде Раул.

Кралскиот тим неодамна го отпушти тренерот на младиот тим, па Раул го замени.

Инаку, легендарниот напаѓач веќе три години работи со младинските категории на Реал и оди по сличен пат што помина и Зидан.