Легендарниот Шевченко се расплака во емисија додека зборуваше за Украина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот украински фудбалер Андриј Шевченко веќе со денови бара помош за неговата татковина која е во војна со Русија.

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата, кој го носеше дресот на Динамо Киев, Милан и Челси, гостуваше во една емисија на телевизија и во солзи побара помош.

Шевченко во тек на интервјуто беше емотивен и не можеше да ги запре солзите, а исто така зборуваше за неколку членови на неговото семејство кои останале во земјата.

„Ве молам, отворете го своето срце за мојот народ, жени, деца и возрасни луѓе на кои им е потребна помош. Нека го почуствуваат тоа што го почуствував јас од вас. Не можам да гледам што се случува во мојата земја. Мајка ми, сестра ми и останатите останаа во Украина и секој ден разговарам со нив“, кажа Шевченко.