Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарниот борец Жозе Алдо повторно ги обеси ракавиците. Еден од најголемите борци во историјата на UFC и долгогодишен владеач на категоријата перо официјално ја заврши кариерата, и тоа на најемотивен можен начин, пред својата публика во Рио де Жанеиро.
За време на UFC Fight Night 261 приредбата, арената експлодираше кога од звучниците се слушна песната на Алдо, а тој се појави на влезот и тргна кон октагонот. Публиката стоеше на нозе додека Алдо полека ги соблече ракавиците и ги остави на средината на кавезот, знак дека дојде моментот засекогаш да се прости од спортот.
Со солзи во очите, легендарниот Бразилец мавташе на публиката, додека на средината на кавезот му се придружи семејството. Тоа беше момент полн со емоции за сите љубители на ММА низ светот.
Алдо всушност вторпат го објави крајот на кариерата. Првиот пат се повлече 2022 година, по поразот од Мераб Двалишвили, во борба што можеше да го врати во трката за појасот. Сепак, по тој пораз одлучи да се повлече, иако сè уште беше под договор со UFC.
Кралот на Рио ги остава пред домашната публика 👑🇧🇷
— UFC (@ufc) October 11, 2025
[ @JoseAldoJunior | #UFCRio ] pic.twitter.com/q7ZivKhU9m