Легендата на Арсенал „удри“ по Кошчиелни: Засрами се! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лоран Кошчиелни беше упорен во својата намера и го реализираше трансферот во Бордо.

Поранешниот капитен на Арсенал во трансфер вреден пет милиони евра се врати во Франција.

Кошчиелни наиде на критики поради начинот на кој се претстави во Бордо. Французинот помина девет години во Лондон, а ова лето беше јасно дека ќе замине откако одби да патува со клубот на припремите во САД.

Тој во Бордо беше претставен со видео во кое го соблекува дресот на Арсенал, а под него име дрес од Бордо. Ова видео наиде на негативни коментари од страна на навивачите на Арсенал.

Покрај фановите критики до Кошчиелни испрати и поранешната легенда на овој клуб.

„Ова боли. Какво непочитување. Треба да ти биде срам поради начинот на кој си замина од клубот после девет години. Го доби тоа што го сакаше и сега вака се однесуваш. Се надевам дека вреди“, напиша Јан Рајт на Твитер.