Легендарниот Тим Кејхил ја заврши својата кариера и веднаш потоа го состави најдобриот тим од играчи со кој играл


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеколен тим.

Легендарниот Австралијанец, Тим Кејхил, одлучи да ја заврши кариерата на 39 години.

Тој соопшти дека е веќе премногу стар за играње фудбал, но вели дека тоа ќе го однесе кон нова улога во фудбалот, но овој пат како тренер.

„За да играм фудбал сум веќе стар, но би сакал да продолжам. Сепак, имам 39 години и сега најважно од се ми е времето поминато со фамилијата. Имав одлична кариера и бев на четири континенти“, рече Кахил.

Тој неговите најславни денови од својата кариера ги помина во Евертон чиј дрес го носеше полни осум години, а на крајот одлучи да состави најдобар тим од играчите со кој ја делел соблекувалната:

Истиот тим изгледа вака:
Голман: Schwarzer
Одбрана: Baines, Stubbs, Jagielka, Phill Neville
Преден ред: Pienaar, Gravesen, Carlsley, Arteta
Напад: Ferguson, Viduka

Инаку, Кејхул е еден од најдобрите австралиски фудбалери на сите времиња, а за репрезентацијата има одиграно вкупно 108 натпревари и има постигнато 50 погодоци.