Лејкерс ангажираа големо засилување од Оклахома!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс на нивната страна и социјалните мрежи објавија дека го ангажирале Денис Шредер од Оклахома, каде што во трејд го испратиле Денис Грин и нивниот пик на драфтот во НБА, Џејден МекДениелс.

Шредер ќе биде големо засилување за екипата од Лос Анџелес, а има и добра статистика. Германецот минатата сезона во дресот на Оклахома во просек постигнуваше по 18,9 поени, четири асистенции и 3,6 скокови.