Лејкерс без Леброн до нов триумф во НБА-лигата (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс беа подобри од Торонто репторс со 122-112, а повторно отсутен беше Леброн Џејмс.

Расел блесна во победата на Лејкерс и постигна 29 поени и девет асистенции, па така екипата од Лос Анџелес стигна до 33. победа оваа сезона и останаа во трка за плејофот.

Денвер нагетс загуби од Сан Антонио, иако на теренот повторно блесна Никола Јокиќ кој стигна до трипл-дабл со 37 поени, 11 скокови и 11 асистенции.