Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот шампион во НБА-лигата, Лос Анџелес лејкерс се засили со двајца нови кошаркари пред почетокот на новата сезона.
За Лејкерс потпишаа искусниот Марк Гасол и најдобриот шести играч во лигата за минатата сезона, Монтрезл Харел.
Искусниот Шпанец во Лејкерс доаѓа како еден од најдобрите дефанзивци во лигата, а пред две години беше шампион со Торонто репторс, а дури десет години настапуваше за Мемфис гризлис.
Харел минатата сезона играше неверојатно. Тој како член на Клиперс во просек постигнуваше по 18,6 поени на натпревар, а имаше 11 „дабл-дабл“ од клупа.
Лејкерс минатата недела се засилија и со Денис Шредер , а стигна уште и Вест Метјуз Јуниор.