Лејкерс конечно победи во НБА, Дончиќ си поигра со Орландо (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс конечно почнаа да личат на екипта и го совладаа Денвер нагетс со 121-110 за прв триумф оваа сезона, а повторно одличен беше Леброн Џејмс со 26 поени, шест скокови и осум асистенции.

Освен Џејмс кој блескаше и на претходните натпревари, на паркетот одличен беше и Ентони Дејвис со дабл-дабл, односно 23 поени и 15 скокови.

На спротивната страна Никола Јокиќ стигна до 23 поени и 14 скокови, но тоа не беше доволно за Денвер да избегне пораз.

Далас маверика го реши Орландо меџик со 114-105, а словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ постигна дури 44 поени, три скокови и пет асистенции.

Минатата ноќ до победи стигнаа и Феникс санс против Хјустон рокетс (124-109), како и Сан Антонио спарс против Минесота тимбервулвс со 107-98.