Лејкерс носи трета голема ѕвезда за да ја одбрани титулата во НБА!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс ја освоија 17. титула во историјата на НБА-лигата, а планираат и следната сезона да се искачат на врвот, меѓутоа за тоа ќе им бидат потребни засилувања, а управата сака да ангажира трета голема ѕвезда која би играла покрај Ентони Дејвис и Леброн Џејмс.

Лејкерс сака да потпише договор со Крис Пол, кој ќе биде во „сенка“ на Дејвис и Џејмс, но без сомнеж ќе биде големо засилување за тимот од Лос Анџелес.

Пол се покажа многупати досега во кариерата, па Лејкерс сигурно не сака да испушти ваква можност, сепак постои проблем за реализација на договорот.

Кошаркарот треба да добие плата од 85 милиони долари за две сезони, а тоа е проблем за Лејкерс, кој веќе прави планови како да ослободи толку голем буџет.