Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првпат уште од 2010 година Лос Анџелес Лејкерс ќе игра финале на Западната конференција, откако во полуфиналниот дуел го исфрлија Хјустон рокетс.
Лејкерс во петтиот меч славеше со убедливи 119-96, па така стигна до 4-1 во плејоф-серијата. Леброн Џејмс и соиграчите по првата четвртина имаа +15 (35-20) и уште тогаш можеше да се претпостави кој ќе биде победник.
Во еден момент беше и +30 (101-71) на стартот на последната четвртина, по што без многу проблеми Лејкерс се избори за финале.
Џејмс повторно играше на високо ниво и постигна 29 поени, 11 скокови и седум асистенции, а имаше поддршка од Кајл Кузма со 17 поени. Најдобар кај Хјустон беше Џејмс Харден со 30 поени.