Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лос Анџелес Лејкерс по ужасната сезона му дадоа отказ на Франк Вогел, па сега бараат нов тренер како негов наследник.
„Атлетик“ објави дека тие побарале дозвола од Милвоки бакс за да преговараат со еден од нивните помошници, а станува збор за Дарвин Хам, кој има осум години искуство во НБА-лигата.
Адријан Војнаровски од „ЕСПН“ објави дека НБА-клубовите во потрага по нов тренер вообичаено бараат дозвола од останатите тимови за разговори со вработените, но Лејкерс овој пат ќе преговараат со помала група на тренери, а Хам е прво име кое се појави во јавност.
Американските медуми пишуваат дека тие се заинтересирани и за Кин Снајдер во случај да се раздели со Јута џез летово, по уште еден неуспех во нокаут-фазата, а еден од кандидатите наводно е и Џаред Дадли.