Лејкерс потпиша со Вуд од Далас


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс потпиша договор со Кристијан Вуд, кој се согласи на двегодишна соработка и ќе заработи 5,7 милиони долари.

Вуд ќе биде големо засилуавње за поранешниот шампион во борбата за враќање на врвот на Западот.

Талентираниот кошаркар минатата сезона во просек постигнуваше по 16 поени и 7,3 скокови за Далас маверикс.

Пред Далас, Вуд две години го носеше дресот на Хјустон рокетс, а сега допрва ќе треба своите квалитети да ги покаже во Лејкерс.