Лејкерс продолжуваат да го составуваат тимот


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Останаа без Дерозан, доведоја центар, а сега и крило е на патот кон градот на ангелите.

Лос Анџелес Лејкерс се спремаат за живот после Коби, но засега не како што навивачите сакаа.

Вчера стигна Мозгов, а многу пари Лејкерс ќе му даде и на кошаркарот на Мајами Хит.

Репрезентативецот на Британија со судански корени, Луол Денг ќе потпише 4-годишен договор со езерџиите.

Во текот на плеј-офот имаше учинок од 13.3 поени и 5.9 скока.

Да потсетиме дека Денг во најсилната кошаркарска лига во светот е од 2004-та година. Првите 10 години ги помина во Булс, а во 2014-та се пресели во Кливленд.

Во Кавалирс кратко се задржа и кариерата ја продолжи во Мајами.