Лејкерс во луд натпревар со 295 поени ја совлада Индијана (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс запиша победа од 150-145 против Индијан во неверојатен натпревар во НБА-лигата.

Лејкерс за првпат по 1987 година постигна 150 поени на еден натпревар, а најефикасен во триумфот беше Ентони Дејвис со 36 поени и 16 скокови, додека Леброн Џејмс постигна 26 поени и 10 асистенции. На спротивната страна најдобар беше Сиакам со 36 поени и 12 скокови.

На останатите натпревари, Детроит загуби од Њу Орлеанс со 101-114, додека Мајами го прегази Кливленд со 121-84.