Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер и голема ѕвезда на ПСЖ, Лионел Меси разочара во дуелот против Реал Мадрид, иако неговиот тим славеше со 1-0 благодарение на голот на Килијан Мбапе.
Меси во второто полувреме не искористи голема шанса, кога промаши пенал, односно Тибо Куртоа му го одбрани ударот.
Најголеми критики за Меси имаше францускиот медиум „Л’Екип“, кој го оцени со „тројка“, па така Аргентинецот беше најлош во тимот на ПСЖ.
„Има нешто тажно да се гледа во Меси. Во првиот дел, беше достапен во средниот ред, а во дуелите со противниците му недостигаше физичка сила. Во вториот дел беше подобар, имаше солидни додавања, но потоа сè расипа со промашниот пенал“, пишува медиумот.
Во тимот на Реал Мадрид, полошо од Меси беше оценет само Карвахал, кој доби „двојка“ затоа што направи пенал врз Мбапе.