„Л’Екип“: Роналдо се труди до крајот на преодниот рок да заврши во Премиерлигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако членот на семејството Ал-Тани објави слика од Кристијано Роналдо во дресот на ПСЖ, сега францускиот медиум „Л’Екип“ најави дека Португалецот се труди да заврши во Премиерлигата.

Одлуката Роналдо да остане на клупата за мечот против Удинезе (2-2) продолжи да предизвикува шпекулации за можното заминување на Португалецот.

Мислењето на јавноста е дека двете страни ова лето требало да ги решат проблемите или да тргнат по својот пат, но Јувентус бара најмалку 30 милиони евра за трансфер и да се покрие неговата плата од 30 милиони евра по сезона.

Постојат неколку клубови кои можат да ги исполнат овие барања, а меѓу нив се ПСЖ и Манчестер сити.

ПСЖ веќе го ангажираше Меси ова лето, па се смета дека навистина ќе биде премногу да пристигне и Роналдо, меѓутоа објавата на братот на газдата на ПСЖ предизвика многу шпекулации.