„Л’Екип“ со ексклузива: Тотенхем и Јувентус испратиле понуди за фудбалер на Лион


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неколку фудбалери на Лион ќе бидат топ трансфер цели за големите европски клубови ова лето.

Набил Фекир, Мемфис Депај, Ферлан Менди, Тангуј Ндомбеле…се поврзуваат со реализирање на големи трансфери во некој од гигантите на Стариот континент.

Францускиот весник „Л’Екип“ пишува дека Тотенхем и Јувентус веќе испратиле понуда за играчот од средниот ред на Лион, Тангуј Ндомбеле. Освен овие два клуба за Ндомбеле постои сериозен интерес и од Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, па со сигурност ќе видиме една вистинска трансфер битка во следниот период кога се работи за потписот на овој фудбалер.