Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ферари објави дека потпишале договор со Луис Хамилтон кој ќе важи од 2025 година, но очигледно тоа не му се допаѓа на Шарл Леклер.
Хамилтон доаѓа на местото на Карлос Саинц, а италијанските медиуми пишуваат дека Леклер е разочаран од оваа одлука на Ферари.
„Леклер е разочаран и шокиран од одлуката на Ферари. Од прв возач на екипата сега може да биде само втор возач“, објави „Кориере дело Спорт“.
Хамилтон потпиша повеќегодишен договор со Ферари и ќе се обиде да ја освои осмата шампионска титула во Формула 1.