Леклер го нападна Саинц за лошиот резултат во квалификациите во Австралија (Видео)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Возачите на Ферари, Карлос Саинц и Шарл Леклер повторно имаа проблеми во квалификациите и ги освоија петтото и седмото место за трката во Австралија.

Леклер за лошиот настап во квалификациите го обвини Саинц. Тој тврди дека Шпанецот му пречел при последниот обид да го подобри своето време.

Младиот возач на Ферари излезе разочаран од болидот, по што имаше разговор со Саинц, кој се обидуваше да дознае што се случило.