Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шарл Леклер продолжи со одличните настапи за Ферари, па стигна до пол-позицијата пред трката за Големата награда на Русија.
Возачот на Ферари на патеката во Сочи беше најдобар во квалификациите со време 1.31.628, па ќе тргне од првата позиција на утрешната трка.
Втор ќе стартува возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој ззаврши пред Себастијан Фетел од Ферари.
Макс Ферстапен беше одличен на тренинзите, но трката ќе ја почне од четвртото место, додека по него стартуваат Валтери Ботас, Карлос Сајнц, Нико Хулкенберг, Ландо Норис, Ромејн Грожан и Даниел Грожан.
Трката во Русија се вози утре од 13.10 часот, а возачот на Ферари се надева дека ќе може уште еднаш да ги израдува фановите.