Леклер останал без часовник од 300.000 евра: Влегол во мрачна уличка, го замолиле да се сликаат и го ограбиле


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачот на Ферари, Шарл Леклер бил ограбен за време на прошетка во Тоскана, односно останал без часовник вреден 300.000 евра.

Италијанските медиуми пишуваат дека Леклер се шетал и влегол во една мрачна уличка во која го препознале некои навивачи.

Тие го запреле за да се фотографираат со него, а целата ситуација ја искористил еден крадец и му го украл часовникот од рака.

Крадецот побегнал пред да забележи возачот од Монте Карло дека му го нема часовникот. Случајот е пријавел во полиција, а во медиумите се појави информација дека неговата вредност е 300.000 евра.

Леклер по првите три трки е прв во генералниот пласман со 71 бод, односно 44 повеќе од второпласираниот Џорџ Расел.