Леклер славеше во Австрија, а Саинц преживеа голема драма (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шарл Леклер од Ферари славеше на трката за Големата награда на Австрија, додека неговиот тимски колега Карлос Саинц немаше среќа во завршницата од трката.

Саинц во 58. круг мораше да се откаже од трката затоа што му се расипа болидот, по што се запали моторот.

Болидот на Саинц гореше, додека тој се обидуваше да излезе, а притоа и маршалите реагираа многу бавно, па тоа ја направи ситуацијата уште подраматична.

Шпанецот дефинитивно е еден од најголемите малери затоа што ова не е првпат да има проблеми за време на трките.