Леонардо отиде во Барселона по засилување за Милан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортскиот директор на Милан, Леонардо, отпатува во Барселона за да го осигура засилувањето на Росонерите.

Италијанскиот медиум Gazzetta dello Sport тврди дека Лонардо ги завршил преговорите со агентите на бразилскиот фудбалер Малком и извести дека овој 22 годишен крилен напаѓач во наредната сезона ќе го носи дресот на тимот од Сан Сиро.

22 годишниот Малком минатото лето пристигна од Бордо во Барселона за нешто повеќе од 40 милиони евра, но не ги оправда очекувањата на Барселона, тој оваа сезона има одиграно 12 натпревари во Ла Лига и има постигнато само еден погодок.

Меѓутоа во Милан го гледаат како идеален играч за својот тим. Леонардо ги заврши разговорите за позајмицата, Барселона е спремна да го пушти, а преговорите со агентите на овој фудбалер поминале во најдобар ред.

Најверојатно после се, Малком ќе го облече дресот на Милан. Ќе стигне како позајмица со можност да се откупи договорот и ќе претставува големо засилување за тимот на Росонерите.