Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лерој Сане ова лето нема да го облече дресот на Баерн.
Според пишувањата на Sky Germany, репрезентативецот на Германија не е заинтересиран за трансфер во Баерн и од тој трансфер нема да се случи ништо.
Баерн со сите сили проба да го ангажира Сане и испрати понуда до Граѓаните, но и до 23 годишниот фудбалер.
Баварците од Минхен на Сити за Сане им понудија сума од 80 милиони евра, додека на фудбалерот му беше понуден петгодишен договор вреден 10 милиони евра по сезона.
Сепак, на крај, од тој трансфер нема да биде ништо. Сане нема намера да се врати во Бундеслигата и сите прилики посочуваат дека тој и наредната сезона ќе го носи дресот на првакот во Англија.
Од другата страна Баварците ќе мора да разгледаат и други опции. Приоритет е доведување на крилни напаѓачи, а ќе видиме на крајот кој ќе го облече дресот на баварскиот тим.
Сане заигра во Сити на летото во 2016 година со трансфер од Шалке за 50 милиони евра, а на Етихад одигра многу добри натпревари.
Изминатата сезона, германскиот фудбалер одигра вкупно 47 натпревари и има допринос од 16 погодоци и 18 асистенции. Вкупно за изминатите три сезони има настапувано 133 пати и има постигнато 39 погодоци.