Лестер доведува ново засилување и соборува рекорд на лигата


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Англискиот шампион Лестер наскоро ќе ангажира ново засилување за сезоната која доаѓа.

Новиот играч на Лисиците ќе стане Бартош Капустка, 19-годишниот Полјак кој ја воодушеви спортската јавност со своите партии на Европското првенство.

Капустка досега настапуваше за Краковија која на има оштета може да инкасира, за него до вчера незамисливи, 7.4 милиони фунти.

Доколку зделката успешно се реализира, ќе го добиеме најскапиот трансфер во историјата на полската Екстракласе.

„Точно е дека ќе потпишам за Лестер. Раниери директно ме контактираше и ми порача дека ме сака во својот тим, ме увери да преминам во Лестер, а јас се надевам дека таму ќе имам доволна шанса да играм и да покажам што знам“, порача младиот Полјак.

Бартош Капустка потекнува од младинската школа на Краковија, а во првиот тим е префрлен во 2012 година.

Веќе тогаш беше јасно за каков талент се работи, а сега со право може да се рече дека младиот лев бек со својата работа во целост го искористи својот цел потенцијал.