Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лестер Сити се спрема за многу тешка сезона во која ќе ја брани титулата во англиската Премиер лига, а ќе настапува и во групната фаза од Лигата на шампионите.
Доведени се неколку одлични играчи, а замина само Н`Голо Канте во Челси за убава сума на пари. Но, повторно ќе бидат потребни купувања и не е невозможно за уште фудбалери да дојдат на Кинг Пауер стадионот иако синоќа Клаудио Раниери рече дека трансфер периодот е завршен и дека некој повеќе нема да замине од екипата.
Поради напорната сезона која ги очекува, Лестер многу брзо може да го добие младиот креатор на играта Рикардо Сапонара, фудбалер на Емполи кој има многу „скап“ прекар а тоа е „италијански Кака“.
Се работи за младиот плејмејкер кој игра за Емполи, а тој дојде од Милан каде што не се наигра.
Росонерите лесно го пуштија и одма се покајаа, и сфатија дека е слична работата како и со продажбата на Обамејанг, Дармијан и уште некои ѕвезди.
Лестер е спремен да понуди до 20 милиони евра за неговите услуги, а ќе видиме дали италијанскиот тим одма ќе го пушти најдобриот свој играч.