Лестер го надмудри Евертон на пенали, гигантите од Манчестер сигурни против нисколигашите (ВИДЕО)

Вечерва дознавме уште три патници во четвртфиналето на Карабао Купот, откако Лестер го совлада Евертон на пенали, додека Манчестер сити и Манчестер јунајтед славеа против нисколигашите.

Манчестер сити поведе со голот на Кансело, а Тејлор на стартот на вторите 45 минути израмни на 1-1, по што „граѓаните“ го вратија водството преку Стерлинг, кој ги постави и конечните 3-1 со неговиот втор гол во 70. минута.

Манчестер јунајтед немаше проблеми против Колчестер, па во второто полувреме од 51 до 61 минута постигнаа три гола и тоа најпрво преку Рашфорд, па Џексон си постигна автогол и Марсијал ги постави конечните 3-0.

Лестер имаше водство од 2-0, по што Евертон израмни на 2-2 во 91. минута, но на пенали „лисиците“ го надмудрија противникот.