Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нголо Канте го напушти Лестер и премина во Челси.
Лисиците загубија веројатно еден од најдобрите играчи на средината на теренот во текот на минатата сезона во Премиер лигата. За заминувањето на Французинот, зборуваше и самиот стратег на актуелниот шампион на Англија.
„Во минатата сезона го загубивме Естебан Камбиано и сите плачеа. Сега плачеа бидејќи Канте го напушти клубот. Не се грижете, фудбал во Лестер ќе се игра и без него“, рече во едно интервју тренерот на Лестер, Клаудио Раниери.