Лестер – Падна уште еден потпис!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шампионот на Англија го продаде на Челси еден од најдобрите поединци од своите редови, но денеска успеа да обезбеди многу важен потпис пред почетокот на новата сезона.

После сезоната од соништата во која стигнаа до шампионската титула во Лестер со сите сили работат на тоа за носителите на играта да останат во клубот.

Јасно е дека Лисиците нема да бидат во состојба да ги задржат сите носители па така Нголо Канте е продаден  на Челси, а се шпекулира дека и Ријад Марез може да биде продаден на Барселона.

Ако е тоа за утеха, Лестер денеска потврди дека капитенот на екипата Вес Морган ќе остане во клубот до јуни 2019 година поради тоа што парафираше нов договор.

Репрезентативецот на Јамајка се приклучи на Лестер во 2012 година а во минатата година со капитенската лента на раката ги предводеше Лисиците до историскиот успех.

Вес Морган веќе сега се наоѓа на блиску 200 настапи во дресот на Лестер и секако дека со таков стаж и одлуката да го продолжи договорот лесно го добива епитетот клупска легенда.