Лестер по четири години го избрка Роџерс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Лестер се раздели од тренерот Брендан Роџерс поради лошите резултати во Премиерлигата.

Роџерс е 12. тренер оваа сезона во англискиот шампионат кој заработи отказ, откако неговата екипа вчера загуби од Кристал Палас со 0-1 и така направи чекор назад во битката за опстанок.

Искусниот тренер му ја донесе првата титула на Лестер во ФА-купот во 2021 година, но оваа сезона резултатите се очајни и поради тоа клубот реши да го избрка.

„Лисиците“ мора да пронајдат нов стратег, кој во последните 10 натпревари ќе се обиде да ги спаси од испаѓање во понизок ранг.