Лестер прими шест гола од Тотенхем, Сон даде хет-трик (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тотенхем продолжи со одличните резултати во англиската Премиерлига, откако славеше со 6-2 против Лестер сити во седмото коло.

Лестер прв стигна до водство од пенал со голот на Тилеманс, но набрзо Кејн и Даер погодија за целосен пресврт, по што Медисон стрелаше за 2-2.

Бентакур ги врати домаќините во предност (3-2), а потоа Сон со три гола ја наполни мрежата на „лисиците“.