Лев: Разочарани сме поради поразот, Вернер и Милер промашија големи шанси…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Германија, Јоаким Лев е разочаран поради поразот од Англија и елиминацијата во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) зашто се надеваше на подобри резултати.

Лев не се збогуваше на добар начин од клупата на Германија, која ја предводеше во претходните 15 години, а неговиот тим загуби со 0-2 од Англија.

„Ова е големо разочарување. Се надевавме на подобар резултат, сепак не ги искористивме нашите шанси. Тимо Вернер и Томас Милер не постигнаа голови од големи шанси и на крајот испаднавме“, вели 61-годишниот стратег.

Искусниот тренер, сепак, не се грижи за иднината на Германија зашто од есен доаѓа Ханси Флик.

„Добар дел од овие играчи ќе бидат на врвот на кариерата за Европското првенство во 2024 година и ќе имаат поголемо искуство“, објаснува тој.