Левандовски даде хет-трик, па го предупреди Баерн Минхен: Подготвен сум!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски почна со хет-трик во Лигата на шампиони (ЛШ) во дресот на Барселона, а сега со нетрпение го чека дуелот против неговиот поранешен клуб Баерн Минхен.

Барселона во вторник оди на гости во Минхен, каде што Левандовски се враќа на „Алијанц Арена“, но овој пат е во противничка екипа.

„Се чувствувам одлично. Веќе со мислите се фокусирам на дуелот против Баерн. Ќе биде комплицирано, но подготвен сум“, кажа Левандовски.

Барселона нема добри спомени против Баерн Минхен, откако последниот меч го загуби со неверојатни 2-8 на 14 август 2020 година.