Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роберт Левандовски оваа сезона игра на највисоко ниво во својата кариера. На 21 натпревар со Баерн има постигнато 27 погодоци.
Сепак, без оглед на одличната форма од 16 погодоци во Бундес Лигата не се доволни да биде водич во трката за Златната Копачка во Европа.
Имено, одличниот Полјак против Баерн Леверкузен остана без погодок и тоа максимално го искористи Чиро Имобиле и ја „стигна“ деветката на Баварците.
Имобиле постигна два погодоци во победата на Лацио над Удинезе(3:0) и така стигна до 17. лигашки погодок, а вкупно 105. во дресот на римските Небесноплави.
Италијанскиот репрезентативец сега има 34 боодови, а Левандовски два помалку. Трет на листата е напаѓачот на Флора од Талин, Ерик Сорга со 31 погодок. Со оглед на тоа дека погодоците во естонското првенство носат по еден бод, Сорга не може да ги загрози Имобиле и Левандовски.
Ирлинг Халанд кој ја воодушеви фудбалската јавност во Европа има постигнато 15 погодоци во австриското првенство каде што голот вреди 1.5 поени и Норвежанецот има 22.5 поени.