Левандовски ги откри неговите идоли – Баџо, Дел Пиеро, Анри…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е еден од најдобрите во светот, а тоа го покажува постојано со неговите одлични настапи во дресот на Баерн Минхен.

Левандовски во детството имал голем број идоли, а сега за медиумите одвои тројца на кои им се воодушевувал.

„Кога имав шест години идол ми беше Роберто Баџо, потоа Алесандро Дел Пиеро стана мој модел, многу му се воодушевував. Во еден период најмногу ми се допаѓаше и Тиери Анри. Неговите свртувања, влегувања во простор, голови…го копирав во сѐ“, кажа Левандовски.

Левандовски од страна на ФИФА беше избран за најдобар во изминатата година, а најверојатно ќе беше и добитникот на „Златната топка“, но таа награда не се додели поради пандемијата.