Левандовски го предложи тренерот за Баерн: Тој е вистинскиот човек


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Управата на Баерн Минхен е во интензивна потрага по нов тренер откако Нико Ковач неодамна доби отказ од клубот.

Многу имиња се споменуваа со клупата на Баерн Минхен, а најсериозното кое требаше да го наследи Ковач до крајот на сезоната, Арсен Венгер од вчера е нов член на ФИФА, па нема да седне на жешкото столче во Минхен.

Најдобриот играч на Баерн Минхен, Роберт Левандовски истакна дека Ханс Дитер Флик, човекот кој го предводеше клубот во претходните два натпревари е вистинскиот човек барем за до крајот на сезоната.

„Верувам дека Флик е вистинскиот човек. Треба да добие шанса, барем до крајот на сезоната. Сите во тимот со него одлично се сложуваме, неговотот тактичко и фудбалско знаење е на високо ниво и во кратко време покажа дека ја знае оваа работа“ –изјави ЛЕвадновски за „ТВН24“.

Инаку Баерн Минхен под водство на Ханс Дитер Флик забележа две победи против Олимпијакос (2:0) и против Борусија Дортмунд (4:0).