Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На навивачите на Барселона не им се допаѓа еден од одговорите на Роберт Левандовски на анкетата за „ЕСПН“.
Американската турнеја завршува, а Левандовски не успеа да постигне прв гол за екипата, иако одигра три меча.
Овој 33-годишен напаѓач одговараше на различни прашања во брза анекта, при што неговиот одговор за тоа со кој поранешен фудбалер би сакал да игра во екипа ги налути навивачите на Барселона.
Левандовски го избра Зинедин Зидан, кој е легенда на Реал Мадрид, по што Полјакот објасни дека на тааа позиција му требал некој кој има мноогу добри додавања.
Новиот фудбалер на Барселона, исто така, го означи Серхио Рамос кој создавал најголеми проблеми, а пофалби имаше и за Карим Бензема.