Левандовски ќе игра против Еспањол, ама за Атлетико Мадрид – не се знае!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона ќе добие засилување во градското дерби против Еспањол затоа што Чави Ернандез дозна дека може да смета на Роберт Левандовски.

Полјакот доби суспензија од три натпревари поради еден контроверзен гест кон судијата на дуелот со Осасуна, но Барселона се жалеше и затоа казната е одложена.

„Ова е дерби и мотивирани сме за натпреварот. Среќен сум што можам да сметам на Левандовски и Араухо. На Роберт може да сметаме за средбата со Еспањол, додека не знаеме засега дали е достапен за мечот против Атлетико Мадрид“, кажа Чави.

Наскоро ќе биде позната пресудата, по што ќе се знае дали Левандовски ќе биде достапен за пресметката со Атлетико.