Левандовски ќе игра против Реал Мадрид, иако намерно доби жолт картон!

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски нема да биде суспендиран за дербито против Реал Мадрид, иако полскиот фудбалер намерно доби жолт картон во мечот против Лас Палмас (1-0).

Левандовски доби жолт картон при замената во 81. минута затоа што бавно го напушти теренот, а тоа е петти негов жолт картон и затоа ќе паузира во следниот дуел против Кадиз.

„Марка“ објави дека Левандовски мора да биде казнет затоа што намерно добил жолт картон и не треба да игра во „Ел Класико“, но така не мислеше и раководството на шпанската Ла Лига.

Ова значи дека полскиот голгетер ќе го пропушти само дуелот против Кадиз.