Левандовски: Нападот на Баерн Минхен и без мене ќе биде одличен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски си ја исполни желбата и замина од Баерн Минхен, по што потпиша за Барселона.

Тренерот Јулијан Нагелсман остана без врвен напаѓач, но Левандовски смета дека германскиот шампион сè уште има одличен напад.

„Нападот на Баерн ќе биде одличен и следната сезона. Не мора да бараат замена за мене. Некои фудбалери ќе добијат задача да постигнуваат повеќе голови и така екипата ќе стане подобра“, кажа Левандовски.

Левандовски потпиша четиригодишен договор со Барселона, која плати 45 милиони евра плус пет милиони во бонуси за трансферот.