Левандовски обвинет за измама со пари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски се соочи со сериозни обвинувања. Тој е обвинет од страна на поранешниот менаџер дека прекду свој маркетинг компанија перел пари.

Неговиот поранешен менаџер поднел тужба против Левандовски, зашто парите од компанијата биле користени во приватни цели.

Исто така, тој бара отштета од Левандовски во висина од девет милиони евра за соработката со него, а од друга страна напаѓачот на Баерн тврди дека поранешниот менаџер го уценува и вознемирува.

Германските медиуми пишуваат дека Левандовски избегнал и плаќање на данок во Германија, а сумата е висока неколку милиони евра, па се очекува истрага против напаѓачот во најбрзо време.