Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Капитенот на полската фудбалска репрезентација и напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски, одлучи да паузира од учество во претстојните пријателски мечеви против Молдавија и Финска. Оваа одлука предизвика бурни реакции во Полска, каде дел од јавноста и медиумите ја оценија како непрофесионална и неискрена.
Но, 35-годишната ѕвезда не остана тивок на критиките и преку новински изјави ја разјасни причината за неговото отсуство. Тој објасни дека се работи за физичка и ментална исцрпеност предизвикана од долга и напорна сезона со Барселона.
„Не чувствувам потреба детално да се правдам. Во тој момент верував дека одлуката е исправна и стојам зад неа. Сметам дека репрезентацијата има капацитет да се носи и без мене. Полска не смее да зависи само од еден играч,“ изјави Левандовски, потенцирајќи дека го носи товарот на националниот дрес со години, што не е лесна задача.
Фото: Grok AI