Левандовски призна: Реал ми се јави трипати, имав состаноци со Перез, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона пред неколку дена се засили со полскиот напаѓач Роберт Левандовски, кој пристигна во Каталонија од германскиот шампион Баерн Минхен.

Левандовски често беше желба на европските гиганти, а постоеше период кога Реал Мадрид сакаше да го купи и тоа сега Полјакот го потврди.

Полскиот напаѓач откри дека неколку пати имал состаноци со првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез.

„Вистина е дека имав состаноци со Перез неколку пати. Еднаш тоа се случи по натпревар кој го играв со Реал Мадрид. Но, за што разговаравме не можам да ви кажам“, открива Левандовски.

Новиот напаѓач на Барселона најави дека ќе се обиде да ѝ помогне на Барселона да се врати на врвот.