Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Баерн Минхен би можел да остане без одличниот полски напаѓач Роберт Левандовски, а „Скај Спорт“ тврди дека Полјакот побарал трансфер и дека има потреба за преселба во друг европски гигант.
Левандовски во сабота ќе наполни 33 години, а договор со Баерн има до 2023 година, па сигурно нема да му биде понудена нова соработка.
„Размислував за сите опции. Се чувствувам добро во Баерн и го сакам Минхен. Тоа е одличен клуб, но сепак сакам да научам други јазици и култури. Но, не знам дали тоа ќе се случи додека сум фудбалер“, кажа претходно Левандовски.
Баерн веднаш соопшти дека ќе го продаде Левандовски, но само ако некој понуди 117 милиони евра, што во моментов изгледа премногу за 32-годишен фудбалер.
Левандовски минатата сезона постигна 56 гола, а во новата продолжи во ист ритам и по два меча има три гола.