Левандовски се врати на тренинг, но нема да игра против ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роберт Левандовски се повреди пред првиот натпревар против ПСЖ во Лигата на шампиони (ЛШ), а нема да игра ниту во реваншот во кој Баерн Минхен ќе се обиде да се врати по поразот од 2-3.

Баварците објавија денеска дека Левандовски го одработил првиот тренинг по паузата и дека немало никакви проблеми.

„Левандовски напорно работи на враќање по повредата на коленото. Првиот стрелец на Баерн го заврши тренингот успешно“, соопштија од Баерн.

Левандовски, сепак, ќе го пропушти реваншот од четвртфиналето во ЛШ со ПСЖ, а се надева дека неговите соиграчи ќе изборат пласман во полуфинале.

Полскиот напаѓач сезонава одигра 36 меча и притоа запиша 42 гола и осум асистенции.